Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Јуван, Марко

.

juvan markoМaрко Јуван, роден 1960 година во Љубљана, е словенечки компаративист, книжевен теоретичар и историчар на книжевноста. Работи како научен советник во Истражувачкиот центар на Академијата на науките и уметностите на Словенија, но и како професор на Одделот за словенечки јазик на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во меѓународни рамки бил визитинг професор на универзитетите во Брно и Загреб, а бил поканет и да држи гостински предавања на универзитетите во Минхен, Хамбург, Будимпешта и Прага. Од 2002 до 2006 година Марко Јуван е претседател на Словенчкото здружение за компаративна книжевна теорија. Од 2008 година е член на комитетот на ICLA (International Comparative Literature Association). Во неговиот опус се вбројуваат голем број научни студии, избори публикации, преводи, како и повеќе книги, меѓу кои Intertekstualnost (2000) и Literarna veda v rekonstrukciji (2006).