Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Шнајдер, Слободан

.

snajder slododanСлободан Шнајдер е роден 1948 година во Загреб. На универзитетот во Загреб студира филозофија и англистика. Шнајдер е долгогодишен главен уредник на југословенското списание за театарски уметности Пролог. Од 1994 година работи како колумнист за весникот Нови Лист, од 2001 до 2004 е интендант на реномираниот загрепски театар „Загребалачко казалиште младих“. Како писател работи од 1996 година. Пишува проза, есеи и пред сè театарски пиеси. Во 1982 година неговата меѓународно позната драма Hrvatski Faust беше инсценирана во театарот на Рур во Манхајм, 1993 година во Бургтеатарот во Виена. И други негови пиеси се изведени и публикувани во германско-јазичниот простор. Меѓу 2005 и 2007 година Министерството за култура на Хрватска овозможи објавување на опусот на Шнајдер во загрепската издавачка куќа Прометеј.