Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Крајчевиќ, Споменка

.

krajcevic spomenkaСпоменка Крајчевиќ, родена 1949 во Белград, студирала општа и компаративна книжевност и по завршувањето на постдипломските студии се стекнува со магистерска титула во областа на германистиката со трудот на тема Struktur des Romanwerks Max Frischs. Од 1974 до 1999 година најпрвин работи како преведувачка во југословенската Новинска агенција Танјуг, а потоа како уредничка на економската рубрика. Истовремено работи за детското списание ТИК-ТАК. Од 1999 до 2004 година  е уредничка во издвавачката куќа Драганиќ, а подоцна и главен и одговорен уредник за детските списанија Велико двориште и Мало двориште. Споменка Крајчевиќ од 2004 година работи како слободна преведувачка. Кон нејзините преводи се вбројуваат дела од: Бенрхард Шлинк, Елиас Канети, Макс Фриш, Марлен Хаусхофер, Мартин Зутер, Кристине Нестлингер, Михаел Енде, Паул Маар и Џејмс Крис. За преводот на книгата Austerlitz од В. Г. Зебалд во 2009 година ја доби наградата „Милош Ѓуриќ“, највисокото одликување во земјата во областа на книжевниот превод. Како авторка има објавено две книги за деца и три за возрасни.