Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Зимел, Георг

.

simmel georgГеорг Зимел, роден 1858 година во Берлин, важи за еден од најзначајните претставници на социологијата на ХХ век. Од 1876 до 1881 година студира историја, психологија на народите и филозофија во Берлин. Неговиот прв докторски труд Psychologisch-ethnologische Studien über die Anfänge der Musik е одбиен поради формална грешка и „неодржливи“ тези. Сепак како дисертација е прифатена наградената расправа Darstellung und Beurteilungen von Kants verschiedenen Ansichten über das Wesen der Materie. Откако ги надминува понатамошните пречки хабилитира 1885 година во областа на филозофијата и е именуван за приватен доцент на Берлинскиот универзитет. И покрај големиот академски успех Зимел се конфронтира со антисемитската антипатија. Па така во 1898 година Министерството за култура го одбива неговото прво барање за именување во вонреден професор. Во 1908 година, и покај препораките од Макс Вебер и Еберхард Готхајн не успева неговото именување за втората професура по филозофија во Хајделберг поради антисемитското стручно мислење на берлинскиот историчар Дитрих Шефер, анагажиран во Пангерманската лига. Георг Зимел почина 1918 година во Стразбур.