Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Карамелска Теодора

karamelska teodoraТеодора Карамелска, родена 1975 година во Русе (Бугарија), завршила културолошки науки и историја во Софија. Во 2005 година се стекнува со докторска титула од областа на филозофијата, била на научни престои на универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен, на универзитетот „Георг Аугуст“ во Гетинген, на Институтот за европска историја во Мајнц, како и на Сentre for Advanced Study Софија. Од 2010 година Теодора Карамелска предава социологија на Новиот бугарски универзитет. Освен тоа таа е член во уредничкиот одбор на списанието Социологически проблеми [Социолошки проблеми]. Нејзиниот научен интерес е насочен кон историјата на германската социологија, социологија на религија и биографско истражување. Кон авторите што ги има преведено од германски на бугарски јазик се вбројуваат: Зигмунд Фројд, Хуго фон Хофманстал, Ернст Трелч, Геор Зимел, Ханс-Георг Гадамер и Аксел Хонет.