Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Луман, Никлас

.

luhmann niklasНиклас Луман, роден 1927 година во Линебург, важи за најзначајниот германско јазичен претставник на социолошката системска теорија. На 17 години бил регрутиран како помошник во военото воздухопловство, а во 1945 година бил во американско заробеништво. По завршувањето на војната студира право во Фрајбург. Од 1954 до 1962 работи како административен службеник во Вишиот уставен суд во Линебург и во Министерството за култура во Долна Саксонија. За време на престојот со една стипендија на Харвард универзитетот Луман доаѓа во контакт со Талкот Парсонс и неговата структурно-функционална системска теорија. Една година подоцна ја објавува својата прва книга Funktionen und Folgen formaler Organisation, по што во 1965 година доаѓа во Дортмунд како директор на Одделот за социјални истражувања. На универзитетот Минстер во 1966 година Funktionen und Folgen formaler Organisation како и Recht und Automation in der öffentlichen Verwaltung му се прифатени како дисертација и хабилитација. Од 1968 до 1993 година Луман е професор по социологија на универзитетот во Билефелд. Неговото капитално дело Die Gesellschaft der Gesellschaft, резултатот од триесетгодишното истражување го објави во 1997 година. Никлас Луман почина на 6. ноември 1998 година во Ерлингхаузен во близина на Билефелд.