Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Иванов, Емил

.

ivanov emilЕмил Иванов од 1991 до1996 година студира на универзитетот во Софија, а од 1998 до 2002 година бил на докторски студии по христијанска археологија и историја на уметност на универзитетот во Ерланген, кои ги завршува со дисертацијата за програмата слики на доцно византискиот нартекс со посебен акцент на спомениците на Атос. Од 2003до 2004 година е научен соработник на Државниот архив во Бамберг, каде што има истражено преку 180 важни списи (од XIVдо XIX век) за историјата на средновековниот манастир Минхаурах. Од 2004 година предава на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија, каде што хабилитира во 2009 година и е назначен за професор по христијанска археологија.  

Eмил Иванов бил визитинг професор во Рим, Солун, Минхен, Берлин, Јена и др., а во 2012 година го основа списанието Христијанска археологија и уметност (Том. 1, Софија 2013). Негови преводи од германски на бугарски јазик: „Најубавите патнички цели во Европа“ (2008); „Крст и Кремљ“ (2011).