Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Natura morta. Eine römische Novelle

Винклер, Јозеф.

322 winkler natura morta"Смокви, свежи смокви!" извикува една дебела Римјанка пред портите на Ватикан крај еден ќелаво истрижен маж, кој носи мајца со апликација „Mafia. Made in Italy" и на еден стап во вис држи мала пластична глава на црнец и им го покажува на аџиите што минуваат крај него. Јозеф Винклер во својата римска новела го опишува градот нападно, за човек да може целосно да го почувствува, помириса, чуе и види, и тоа токму онамву каде што е најжив: метежот на пазарот во работен ден на пјацата „Виторио Емануеле“, во недела чекањето и безделничењето пред Ватикан. Меѓу оние кои чекаат се наоѓаат и продавачката на смокви и Пиколето, нејзиниот убав син, кој инаку работи за еден трговец со риби на пјацата „Виторио Емануеле“. Возбудливо е како овој свет – за еден бескраен миг – се инволвира во вителот на судбината на Пиколето.

Natura morta. Eine römische Novelle [Натура морта. Римска новела] од Joзеф Винклер излезе на босански јазик (извадок) во превод на Ирма Дураковиќ под наслов Natura morta. Rimska novela во издание на Вриејме, Зеница.