Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

´Мора, Терезиа

.

mora tereziaТерезиа Мора е родена 1971 година во Сопрон, Унгарија. Од 1990 година живее во Берлин и се смета за една од најреномираните преведувчки од унгарски јазик. Во 1999 година предизвика сензација со своето книжевно деби, збирката раскази Seltsame Materie. За нив ја доби наградата за книжевност „Опен-Мајк“, наградата „Ингеборг Бахман“ (1999) и грантот „Адалберт фон Шамисо“ (2000). Во 2004 година излезе романот Alle Tage, за кој ѝ беше доделена наградата „Мара Касенс“ за најдобар дебитански роман на годината, уметничката награда Берлин, наградата LiteraTour-Nord-Preis и наградата на Саемот на книгата на Лајпциг. Во 2009 година излезе романот Der einzige Mann auf dem Kontinent, а есента 2013 година и Das Ungeheuer. За овој роман Терезиа Мора ја доби Германската книжевна награда.

Вебстраница