Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Илиев, Љубомир

.

iliev ljubomirЉубомир Илиев, роден 1949 година, преведува од пред повеќе од 35 години германско-јазична книжевност на бугарски јазик. По неговата дејност како универзитетски асистент (1975 - 1979), уредник (1980 - 1985), заменик главен уредник (1985 - 1989) и главен уредник (1990 - 1991) на специјализираното списание за странска книжевност Панорама германистот од Софија целосно се посветува на преводот. Фокусот на неговата преведувачка дејност е германската книжевна класика. Драмите на Шилер, Nathan der Weise од Лесинг и особено Фауст I - II од Гете се маркантни свртници во неговата преведувачка кариера. За неговиот учинок како преведувач Љубомир Илиев четири пати е одликуван со Големата награда на Здружението на преведувачите на Бугарија и два пати со националната награда „Христо Г. Данов“. Во 2011 година ја добива Австриската државна награда за книжевен превод. Љубомир Илиев е член  на управниот одбор на Европскиот колегиум за преведувачи во Штрален, како и член на Друштвото Гете во Вајмар.