Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Брох, Херман

.

broch herrmannХерман Брох, роден 1886 година, пораснал во Виена. Дваесет години ја управува текстилната фабрика на неговото семејство, а во 1927 година почнува живот како слободен писател. Како Евреин мора да пребега по „припојувањето“ на Австрија во 1938 година. Емигрира во САД, каде што на почетокот живе во Њу Јорк. Во 1942 година негово трајно живеалиште станува Принстон, Њу Џерси. Во 1949 година се преселува во Њу Хејвен, Конектикат, каде што воспоставува контакти со универзитетот во Јеил. Во тамошниот оддел за германистика станува почесен лектор. Херман Брох во 1951 година почина од срцев удар.