Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Букал, Снежана

.

bukal snezanaСнежана Букал е родена 1957 година во Белград. Уште на седумнаесетгодишна возраст ја добива „Октомвриската награда“ на градот Белград за ракописот на нејзината збирка поезија. По матурирањето студира компаративна книжевност и теорија на книжевност. Во 1986 година беше објавена нејзината збирка куси Tamna strana, за која беше одликувана со „Наградата на федерацијата“. Покрај својата писателска дејност Снежана Букал преведува од англиски на српско-хрватски јазик, меѓу другото и: The Wrecker од Р.Л.Стивенсон и два куси раскази од The Dubliners од Џејм Џојс. Во 1992 година Снежана Букал ја напушта својата татковина и оттогаш живее во Холандија, каде што многу успешно го продолжува своето писателствување.