Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Штикс, Игор

.

stiks igorИгор Штикс, роден 1977 година во Сараево, живеел во Загреб, Париз, Чикаго и Единбург, а моментално живеее во Белград. За неговиот дебитантски роман Dvorac u Romagni (2000) беше одликуван со наградата „Славиќ“ за најдобар роман на Хрватска, а во 2006 година романот беше номиниран за меѓународната награда  IMPAC Dublin Literary Award. Следуваат преводи на англиски, шпански и турски јазик. Неговиот втор роман, Elijahova stolica (2006), беше преведен на петнаесет јазици и одликуван со наградите „Гјалски“ и „Киклоп“. Игор Штикс докторира на Institut d’Études Politiques de Paris и на Северно-западниот институт, a во 2015 година ја објавува монографијата Nations and Citizens in Yugoslavia and the Post-Yugoslav States: One Hundred Years of Citizenship. Во 2011 година Игор Штикс за сценското издание на Elijahova stolica го доби гранприто на Меѓународниот белградски театарски фестивал. Освен тоа за неговите книжевни и интелектуални достигнувања беше одликуван со францускиот Орден за уметност и книжевност.