Печати

"Schritte"- стипендии на Фондацијата С. Фишер

berlin uebersetzerwerkstattФондацијата С. Фишер од 2007 година доделува "Schritte"- стипендии за преведувачи на германска книжевност од Турција и Југоисточна Европа. Тие овозможуваат едномесечен работен престој во Литературниот Колоквиум Берлин.

За овие стипендии може да се пријават сите заинтересирани преведувачи од Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Бугарија, Романија, Турција и Албанија. Специјално за преведувачите на албански јазик во чест на значајниот преведувач беше воведена стипендијата „Адријан Клоси“. Апликациите за работен престој во 2015 година може да се испраќаат до 30. септември 2014 година.

Конкурс (германски јазик)