Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мајер-Кристиќ, Јана

.

mayer-kristic janaЈана Мајер-Кристиќ, родена 1971 година во Хојерсверда, студирала во Берлин, Москва, Виена и Риека, а во 1997 година ги завршува студиите на Хумболтовиот универзитет во Берлин како дипломирана толкувачка по руски и српско-хрватски јазик. Оттогаш работи како (конференциска) толкувачка и преведувачка главно во Берлин, ама повеќе години живеела и работела и во Сараево и Белград. Нејзините книжевни преводи  од српски, хрватски и босански јазик се објавени во различни списанија и зборници, а освен тоа има преведено и многу радио-драми сценарија. Заедно со Ангела Рихтер ја преведе Das Buch vom Bambus од Владислав Бајац на германски јазик. Таа учествуваше и во преводот Heldensuche од Михаел Мартенс на српски јазик.