Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ристовиќ, Ана

.

ristovic anaAна Ристовиќ, родена 1972 година во Белград, завршила компаративна книжевност на Филолошкиот факултет. Има објавено низа збирки поезија, за кои е овенчана со престижни награди, меѓу другото со наградата „Бранко Миљковиќ“, наградата „Милица Стојадиновиќ-Српкиња“, наградата „Хуберт Бурда“ и наградата „Дисова“. Нејзините песни се препеани и објавени  на словачки, словенечки, германски и унгарски јазик. Ана Ристовиќ преведува од словенечки јазик, а во нејзините преводи се вбројуваат дела од: Драго Јанчар, Јани Вирк, Алеш Чар, Алеш Штегер, Душан Чатер, Сузана Тратник, Миха Мацини, Урош Зупан, Горан Војновиќ и Алеш Дебељак. Таа живее во Белград и е член на Здружението на книжевниците на Србија (СКД), П.Е.Н.- центарот на Србија, на Здружението на книжевни прведувачи на Србија и на Здружението на писателите на Словенија.