Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мартиќ, Штефица

martic steficaШтефица Мартиќ, родена 1945 година во Дервента (Босна и Херцеговина), студирала книжевност и теорија на книжевноста во Белград. Долги години живее во Белград и работи за Гете Институтот. Освен тоа се посветува на книжевен превод. Од 1993 година живее во Загреб, каде што работи како книжевен преведувач. Таа е член на Здружението на книжевните преведувачи на Хрватска. Освен прилозите за различни книжевни списанија, за кои пред сè преведува современи автори од германското јазично говорно подрачје, Штефица Мартиќ има објавено и бројни рецензии на книги, меѓу кои дела од Петер Биксел, Томас Хирлиман, Волфганг Ешкер, Даниел Келман, Катја Ланге-Милер, Томас Ман, Саид, Бернахрд Шлинк, Петер Слотердијк, Рихард Шварц, Криста Волф и Јули Це.