Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Музил, Роберт

.

musil robertРоберт Музил е роден 1880 година во Клагенфурт. Студирал на техничката Воена академија во Виена. По прекинот на военото образование станува машински инжињер. Од 1903 до 1908 година студира филозофија, психологија, математика и физика во Виена. Работи како библиотекар и уредник на „Ноје Рундшау“. Во Првата Светска војна служи како капетан и го издава „Војничкиот весник“. Од 1918 до 1922 година живее како службеник во Виена, а потоа како слободен писател, театарски критичар и есеист во Виена и Берлин. По приклучувањето на Австрија на националсоцијалистичка Германија Музил емигрира во Цирих. Последните години од животот ги минува речиси сосем сиромав во Женева, каде што и умира во 1942 година.