Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Урбан, Петер

.

urban peterПетер Урбан, роден 1941 година во Берлин, студирал славистика, германистика и историја во Вирцбург и Белград. Тој е коосновач на Издавачката куќа на автори во Франкфурт на Мајна и се вбројува во еден од најистакнатите германски преведувачи и издавачи на руска, српско-хрватска и чешка книжевност. Се прочу со своите нови преводи на делото на Антон Чехов. Награди и признанија: Награда за превод на Академијата за Јазик и поезија на Германија (1974), Награда за превод „Хелмут М. Браем“ (1980), Награда за култура за посредување во уметноста и културата на Хесен (1994), Лајпцишката награда за книга за европско разбирање (2000), Наградата „Џејн Скетчерд“ (2003), Наградата на Фондацијата на Елцин од Москва (2008). Петер Урбан почина на 9. декември 2013 година на возраст од 72 години.