Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Хабермас, Јирген

habermas_juergen
© Isolde Ohlbaum
Јирген Хабермас е роден 18. јуни 1929 год. во Диселдорф. Од 1949 до 1954 год. студирал филозофија, историја, психологија, германска книжевност и економија во Гетинген, Цирих и Бон.  Меѓу другото предавал на универзитетите во Хајделберг и Франкфурт, како и на универзитетот ,,Беркли" во Калифорнија. Добитник е на бројни почесни признанија и награди. 2001 год. ја доби Наградата за мир на Берзанското здружение на германските книжари.