Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мелнику, Роксана

.

melnicu roxanaРоксана Мелнику е родена 1973 година во Романија. Студирала психологија во Букурешт и психопатологија во Париз. Од германски јазик има преведено психолошки дела, меѓу другите од: Зигмунд Фројд, Готфрид Фишер, Петер Ридесер, Волфганг Мертенс, Фритц Риман и Ралф Вогел и филозофски списи од Јозеф Пипер, Анселм Грин, Ото Вајнингер и Гинтер Андерс. Таа исто така преведува и од англиски јазик, меѓу кои и дела од Џон С. Кафка, Шир Хајт, Филип Зимбардо, Пол Мартин, Корделија Фајн и Патриција Пирсон. Роксана Мелнику е автор на едно дело за Леонардо да Винчи.