Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Кама, Аида

.

cama aidaАида Кама, е родена 1968 година во Тирана. Во 1991 година ги завршува студиите во Тирана во областа на металургијата. Во 1997 година посетува една долготрајна програма за микроекономски менаџмент на Друштвото „Карл Дузиберг“ во Келн. Од 2000 до 2002 година ги завршува магистерските студии Advanced Journalism Studies на Дунавскиот Универзитет Кремс. По нив е дел од колегот „Трансформација на медиумите во Западно-источна Европа“ во Франкфурт на Одра. Аида Кама работела за албанската агенција за печат АТА, Дојче Веле во Тирана и за ОРФ. Од 2002 до 2005 година живее како слободна преведувачка во Берлин. Од 2005 до 2013 година работи како уредничка во Албанската редакција на Дојче Веле. Покрај повеќето филмови и театарската пиеса Mauerkinder Аида Кама ја преведе на албански јазик и книгата Arme Roma, böse Zigeuner.