Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Јелчиќ, Анди

.

jelcic andyАнди Јелчиќ, роден 1958 година во Огулин (Хрватска), студирал германистика и англистика во Загреб и Минстер. Во 1982 година дипломира во Загреб и се запишува на постдипломски студии во областа на теорија на книжевност, кои ги завршува во 1986 година со магистерскиот труд за програмските списанија на Југендстилот. Анди Јелчиќ најпрвин работи како професор по германски јазик по загрепските гимназии. Од 1988 година е слободен преведувач, писател и публицист. Држи бројни предавања по симпозиуми и е активен член на здруженија на преведувачи и комисии за доделување признанија. За ТРАДУКИ води преведувачки работилници во Сараево и Четате. Кон неговите преводи се вбројуваат дела од Ерих Ауербах, Улрих Бек, Јирген Хабермас, Роберт Музил, Ф.С. Фитџералд и В. Шекспир. Признанија и стипендии: Награда од Книжевните преведувачи на Хрватска за најдобар стручен превод за 2004 година (Ауербах), Хрватската државна награда за најдобар превод за 2008 година (Музил), стипендија од Гете Институтот во Дрезден (2011), Шрите стипендија во ЛЦБ Берлин (2012).