Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Фон Додерер, Хајмито

.

von doderer heimitoХајмито фон Доредерер е роден 1896 година во Хадерсдорф/Вајдлингау кај Виена. По Првата Светска војна започнува студии по историја и психологија и во 1925 година се стекнува со докторска титула. Своите први дела ги објавува во 20-тите години на минатиот век. Во 1933 година Хајмито фон Додерер стапува во НСДАП. Од 1936 до 1938 година живее во Дахау, а потоа се враќа во Виена. Во 1940 година е регрутиран во авијацијата, а во 1942 година поради невралгии е преместен во болница. Во 1946 година се враќа од военото заробеништво во Норвешка. Поголемиот дел од своите книжевни дела ги објавува по Втората Светска војна. Меѓу неговите најпознати книги се вбројуваат: Ein Mord, den jeder begeht (1938), Die Strudlhofstiege (1951) и Die Dämonen (1956). Хајмито фон Додерер почина во1966 година во Виена.