Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Чоловиќ, Никола

.

colovic nikolaНикола Чоловиќ е роден 1969 година во тоа време југословенскиот Белград, каде што отанува до својата дванаесетта година, пред во 1981 година да се пресели во северногерманскиот Хамбург. Таму го завршува училиштето со матура и по цивилната служба на универзитетот во Хамбург најпрвин студира историско-компаративна и општа наука за јазикот, како и англистика, за потоа да се префрли на романистика, со фокус на италијанскиот јазик книжевност и филозофија. За време на и по студиите сè поинтензивно работи како слободен преведувач за разни претпријатија и преведувачки бироа во Германија, а меѓу 2006 и 2009 година и во Кина. Од 2006 година ги преведува есеите на татко му Иван Чоловиќ од српскохрватски на германски јазик, меѓу кои и збирката „Културен терор на Балканот“, која во 2011 година излезе на германски јазик.