Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Конкурс: Програма Artist-in-Residence во Виена

287 ausschreibungСлужбата на сојузниот канцелар на Република Австрија во соработка со КултурКонтакт Австрија обезбеди 50 резиденцијални стипендии за 2015 година во Виена. Конкурсот се распишува за уметници, кои своето живеалиште го имаат надвор од границите на Австрија; австриските државјани се исклучени од конкурсот.

Резденцијалните стипендии се доделуваат во следниве области: фини уметности, уметничка фотографија, видео и медиумска уметност, дизајн, композиција, книжевност и книжевен превод.  Освен тоа може да се пријавуваат и посредувачи на уметност и куратори. Должината на стипендиите зависи од самата област во која се доделува таа и може да трае од еден до три месеци. Рокот за пријавување е 15. јули, т.е. 31. јули 2014 год. (важи датумот на испраќање)

Понатамошни информации (германски и англиски јазик)

Двојазичен формулар за пријавување (германски/англиски јазик)