Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Левит, Карл

.

loewith karlКарл Левит е роден 1897 година во Минхен. Студирал филозофија и биологија во Минхен и Фрајбург кај Едмунд Хусерл и неговиот асистент Мартин Хајдегер, како и кај зоологот Ханс Шпеман. Враќајќи се во Минхен Левит докторира во 1923 година кај Мориц Гајгер со студијата Auslegung von Nietzsches Selbst-Interpretation und von Nietzsches Interpretationen. По дејноста како домашен учител на еден имот во Мекленбург, во 1924 година го придружува Хајдегер во Марбург, каде што се спријателува со Лео Штраус, Герхард Кригер и Ханс-Георг Гадамер. Во 1928 година хабилитира кај Хајдегер со феноменолошкиот труд Das Individuum in der Rolle des Mitmenschen. Поради своето еврејско потекло во 1935 година му е одземена дозволата за учитлствување. Веќе една година претходно Левит емигрира во Рим. Во 1936 година добива професорска позиција на Царскиот универзитет во Сендаи (Јапонија). Во 1941 година Левит се преселува во САД. Благодарение на посредништвото на Паул Тилих и Рајнхолд Нибур се вработува во Теолошката семинарија на Хартфорд. Во 1949 година Левит е назначен за професор на New School for Social Research во Њу Јорк. Во Германија се враќа во 1952 година, каде што добива професорско место во Хајделберг, на коеработи сè до своето пензионирање во 1964 година. Карл Левит почина 1973 година во Хајделберг.