Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Hydra des Zorns / Hidra e mllefit

Беќири, Шаип.

316 beqiri hydraПрвата збирка поезија на Шаип Беќири излезе 1976 година. Неговата поезија уште од почетокот се одделува од поетиката на скаменувањето и лапидарното вкочанување на неговите претходници склоно кон занемување. Наместо тоа– и покрај сета економичност на изразните средства – најчесто говори во мрачни слики со слободно асоцирани метафори, што службената книжевна критика на неговата земја му го донесе прекорот на „суреализам“. Шаип Беќири не се ограничува на традираните национални теми (Косово и судбината на албанскиот народ), туку артикулира особено лични и универзални теми и ментални состојби. До ден днес ја задржа самостојноста на својот поетски јазик. Тој е класичар на албанската книжевна модерна. Збирката поезија  Hydra des Zorns / Hidra e mllefit обединува песни, настанати по неговата емиграција во Швајцарија, како и текстови, кои ги напиша уште додека живееше во Косово.

Двојазичната збирка поезија Hydra des Zorns / Hidra e mllefit [Хидра на јароста] од Шаип Беќири излезе во Лимат, Цирих. Препевот на германски јазик (извадок) го направи Ханс-Јоаким Ланкш.