Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ланкш, Ханс-Јоахим

.

lanksch hans-joachimХанс-Јоахим Ланкш е роден 1943 година во Брауншвајг. Студирал славистика и балканска филологија, фоклористика и албанологија. Денес живее во Минхен. Ханс-Јоахим Ланкш  работи како преведувач по албански, словенечки, хрватски и српски јазик и пишува по албанските весници за албанската книжевност и албански јазик. Од албански јазик има преведено книги од: Мартин Камај, Казем Требешина, Гонџа Бојаџиу (МајкаТереза), Азем Шкрели, Али Поримја, Ваџид Џелили. Линдита Арапи, Јонила Годоле и Шаип Беќири. По списанија и антологии има објавено препеви поезија од Ласкуш Порадеќи. Зеф Зорба, Мимоза Ахмети, Љуљета Љешанаку, Агрон Туфа, Ариан Лека, Раман Деда, Еќрем Баша, Флора Бровина и др., како и прозни фрагменти од Елвира Донес, Антон Пашку и Ридван Дибра. За неговите преводи од албански јазик ја доби стипендијата за книжевност на градот Минхен, наградата „Николаус Ленау“ на Уметничкото здружение Еслинген и на наградата на Министерството за култура на Албанија „Penda e Argjendtë“ („Србрено перо“).