Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Вујадиновиќ, Ненад

vujadinovic nenadНенад Вујадиновиќ, роден 1964 година во Котор, студира филологија во Скопје и Белград. Во 2008 година се стекнува со докторска титула во Скопје, каде од 1991 година предава на Филолошкиот Факултет, на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Тој е автор на низа книги, пиеси и сценарија, освен тоа како автор и креативен водител има учествувано на значајни рекламни кампањи во Македонија. За неговата работа е добитник на повеќе награди. Освен сопствените дела Ненад Вујадиновиќ објавува и книжевни преводи. Во книжевното списание Сарајевске свеске беа објавени голем број македонски автори во негов превод. Понатамошни важни публикации претставуваат: неговиот препев на народната балада Hasanaginica на македонски и на македонската збирка поезија Приватни светови од Лилјана Дирјан. За ТРАДУКИ го преведе романот Neznanom junaku од Сретен Угричиќ.