Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Југа, Нора

iuga noraНора Југа, родена 1931 година во Букурешт, завршила германистика на Филолошкиот факултет. Повеќе години предавала германски јазик во Сибиу, подоцна била библиотекарка и лекторка во германско јазичното списание за култура „Фолк унд Култур“. Од 1986 година живее како слободна авторка и преведувачка во Букурешт. Нора Југа има објавено бројни збирки поезија и повеќе романи. Кон нејзините преводи од германски на романски јазик се вбројуваат значајни дела како:  Die Blechtrommel од Гинтер Грас, Herztier, Der Fuchs war damals schon der Jäger и Im Haarknoten wohnt eine Dame од Херта Милер и Die Klavierspielerin од Елфриде Јелинек. За своето дело Нора Југа е повеќекратно наградена од Здружението на писателите на Романија.