Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Пустерла, Фабио

pusterla fabio by albus severus© albus severusФабио Пустерла е роден 1957 година во Мендрисио (Швајцарија). Живее во Северна Италија и предава италијански и книжевност на универзитетот и во гимназија во Лугано. Има објавено бројни збирки поезија, за кои е добитник на реномирани швајцарски книжевни награди, меѓу кои и наградата „Шилер“ и „Готфрид Келер“. Освен поезија тој објавува и есеи и преведува современа поезија од француски и португалски јазик. Кон неговите преводи, меѓу останатото, се вбројува и поголем дел од делото на Филип Жакоте.