Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Roppongi

Винклер, Јозеф.

winkler_roppongi,,За време на престојот со моето семејство во Токио пред три години, каде  што живеевме во гратскиот четврт Ропоноги«, пишува Јозеф Винклер за неговата нова книга, »почина мојот 99-годишен татко, којшто една година пред својата смрт, откако дозна дека во мојата последна збирка проза на еден селанец од родното село не му посипав ниту синчец ниту божур, во еден кус, но драматичен телефонски монолог ми стави до знаење дека ако дошло до таму тогаш немало потреба да доаѓам на неговиот погреб. Кога дознавме за неговата смрт, стоев во Австриската амбасада во Токио пред еден ѕид од стакло. Гледав надвор во рибникот со портокалови златни рипки, кога една чапја со широко раширени крилја се спушти на работ. Мртвиот татко значи, си помислив во тој миг на тага и радост, пред да биде закопан под земја уште еднаш ми се појави пред очи во ставата на бела чапја, со долгите, танки, црвени нозе и со издолжениотшпицест клун извалкан со земја од потрагата по црви од неговиот иден гроб во Ропонги. Неговото проколнување се оствари; не се вративме, туку останавме во Ропонги."

,,Ропонги" излезе на хрватски во превод на Снјежана Родек под наслов "Roppongi. Rekvijem za oca" во издание на ,,Левкам Интренационал", Загреб.

Рецензија: Maтица (хрватски јазик)