Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Мичи, Сокол

mici sokolСокол Мичи, роден 1954, студира кинески и германски јазик и книжевност во Пекинг. По дипломирањето во 1978 год. најпрвин работи во Државната албанска радио-телевизија. Од 1994 до 1997 год. е директор на канцеларијата на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Тирана. Потоа работи како уредник во Меѓународниот центар за новинари во Вашингтон. Во  2005 год. Сокол Мичи почна да работи за градската управа на Тирана, каде што до 2007 год. беше директор на Одделот за економски развој, а од 2008 до 2013 год. одделот за поттикнување на економијата.  Од 1999 до 2004 год. освен тоа е и албански коресподент за њујоркшкото списание Врлд Прес Вју. Сокол Мичи има објавено бројни преводи, меѓу кои покрај англиските автори, и дела од Михаил Енде, Херта Милер, Максимилијан Ламберц, Манфред г. Шмит, Мартин Андерсен, Елфи Донели и Лајон Фохјтвангер.