Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Резиденцијална програма "Tirana – IN BETWEEN 2014"

276 ilustracijaКултурното здружение „Поетека“ во рамките на резиденцијалната програма "Tirana – IN BETWEEN" ги распиша резиденцијалните стипендии за 2014 година. Може да се пријавуваат писатели и книжевни преведувачи од Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Бугарија и Романија). Најуспешните кандидати ќе бидат поканети на едномесечен престој во Тирана.

Резиденцијалната програма "Tirana – IN BETWEEN" стартуваше во соработка со ТРАДУКИ во март 2013 год. Оваа година програмата ќе биде поддржана од Министерството за култура на Албанија и од понатамошни локални партнери. Рокот за пријавување е 30. април 2014 год.

Текст на конкурсот (англиски јазик)