Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Красни, Јан

krasni_jan
Јан Красни е роден 1984 год. во Белград. По матурирањето во музичкото училиште ,,Станковиќ" студирал германски јазик и книжевност на универзитетите во Белград и Росток и студии за медиуми на универзитетот во Констанц. Заедно со Златко Красни досега ги има преведено збирките поезија од Михаел Спајер, ,,Дунавски гени и други" (Mеридијани, Смедерево 2008) и ,,Друг јазик" од Кито Лоренц (Златниот клуч на Смедерово, Смедерево 2008), кој се закити со наградата ,,Златниот клуч на Смедерово". Понатаму ја има преведено сè уште необјавената книга од Георг Хибенет ,,35 години потстанар на социјализмот" (Информатика, Белград, планирана за 2010 год.).

Заедно со Јоахим Детлефс ги има преведено песните на Душка Врховац (интернет издание http://www.duskavrhovac.com/deutsch/gedichte.html, 2007.) и ,,Исповедта на Алина Воробејева" од Драган Мијаиловиќ. Заедно со Златко Красни ја подготви српската точка во австриското списание за книжевност ,,Пoдиум" и ги преведе прилозите (септември 2009 год.)

Од октомври 2009 год. Kрасни ќе работи како доцент на Филолошкиот Факултет во Белград.