Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Антониу, Иринел

antoniu irinelИринел Антониу е роден 1981 год. во Ботошани, Романија. Студирал романски и француски јазик и книжевност на универзитетот во Јаш. Во 2004 год. ги завршува студиите. Моментално работи како уредник во издавачката куќа Универс. Од 2005 год. Иринел Антониу има преведено преку 25 книги од француски јазик, како на пр. од Габриел Осмонд: L’Œuvre de l’amour, Гастон Бахелар: Le droit de rêver, Беноа Дитертре: La petite fille et la cigarette, Марек Халтер: Le Kabbaliste de Prague, Маурис Халбвакс: La mémoire collective, Мари-Жан Урех: Des accessoires pour le paradis.