Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ахмети, Сафет

ahmeti safetСафет Ахмети е роден 1967 год. во Макарска (Хрватска). Во својата докторска дисертација се занимава со современа уметност и антропологија. Од  2003 до 2008 год. предава на Универзитетот Источна Европа Тетово во областа на визуелна култура и комуникација. Во 2011 год. основа партнерство со Центарот за визуелни студии во Загреб (ЗВС) и Центарот за визуелни студии во Скопје и го презема неговото водство. Во рамките на развивањето на содржините на програмите на центарот, меѓу другото, се залжува и за превод на релевантни наслови. Центарот за визуелни студии Скопје е дел од мрежата  "Visual culture in Europe" и на "International Association for Visual Culture".