Печати

Фиркова, Гергана

fyrkova gerganaГергана Фиркова, родена 1965 год. живее во Софија. Студирала германистика на софискиот универзитет и два семестри на универзитетот Хумболдт во Берлин. Нејзините први преводи на бугарски јазик (Film als Kunst од Рудолф Арнхајм, и Von Caligari zu Hitler од Зигфрид Кракауер) излегоа уште додека беше студент. Оттогаш се посветува на книжевниот превод и титлување филмови, како и на филмска критика и новинарство. Таа преведува претежно книжевност од раниот ХХ век (Франц Кафка, Роберт Валзер, Јозеф Рот), модерна книжевност на имигранти (Илија Тројанов, Димитре Динев) и најнова германска книжевност (Клеменс Ј. Зец, Марион Пошман). Денес работи како доцентка на факултетот за класични и модерни филологии на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Таа е член на Здружението на преведувачите на Бугарија, на Здружението на филмографите на Бугарија и на Здружението на новинарите на Германија, коосновачка и член на Друштвото на германистите во Бугарија. Член на Европскиот Колегиум за преведувачи во Штрален.