Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Gottes Eifer. Vom Kampf der drei Monotheismen

Слотердијк, Петер.

299 sloterdijk gottes eiferМеѓурелигиските конфликти, кои имаат заедничко потекло, односно религиите на Абрахам, ја одредуваат нашата сегашност во досега не позната мера. Петар Слотердијк во својот есеј прво го обработува прашањето за тоа кои политичко-социјални и психодинамични предиспозиции го условија настанувањето на монотеизмот. Наспрема политеизмот на античките високи култури на Египјаните, Хетите и Вавилонците како протестна теологија настана јудистичкиот монотеизам. Ако религијата во јудеизмот остана ограничена на сопствениот народ, христијанството разви апостолска порака со универзална прокламациона содржина. Исламот го заостри офензивниот универзализам во воено-политички експанзионистички модус. Сегашноста ги повикува сите три религии да преминат од мировна коегзистенција во разговор.

Gottes Eifer. Vom Kampf der drei Monotheismen [Божја ревносност. За борбата на трите монотеизми] од Петер Слотердијк излезе на босански јазик (извадок) во превод на Надежда Чачиновиќ под наслов Božja revnost. O borbi triju monoteizama во издание на Босанско народно позориште, Зеница.