Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Костиќ-Томовиќ, Јелена

kostic-tomovic jelenaД-р Јелена Костиќ-Томовиќ (1973) студира германистика во Белград и Гетинген. На крајот докторира на Филолошкиот факултет во Белград  (2007) во областа на германистичка лингивстика и теорија на превод. Од 1999 год. работи на Филолошкиот факултет во Белград, каде што во 2013 год. е избрана за професорка по германистичка лингивстика. Покрај бројните научни тудови во 2013 год. објави и една монографска студија под наслов Зборообразувањето во германскиот современ јазик (Tvorba reči u savremenom nemačkom jeziku). Во 2010 год. беше избрана за претседател на друштвото „Гете“ во Белград, функција која ја извршува до ден денес. Од 2000 год. работи и како преведувачка и толкувачка на конференции и е член на српското здружение на конференциски толкувачи  (ACIS/DSKPS). Важни книжевни преводи: Е. Јелинек Ljubavnice (Die Liebhaberinnen) и Bolest ili Moderne žene (Krankheit oder Moderne Frauen), Б.  Брехт Sofoklova Antigona (Die Antigone des Sophokles), Ф. Ведекинд Lulu, М. фон Мајенбург Vatreno lice (Feuergesicht) и Paraziti (Parasiten), Р. Шимелпфенинг Push up 1-3, Ф. Рихтер Okovani ledom (Unter Eis).