Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Анастасијевиќ, Маја

anastasijevic majaМаја Анастасијевиќ, родена 1965 год. во Белград, студирала германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во својот роден град. Од 1986 до 1987 год. завршува дел од студиите на одделот за германистика на универзитетот Хумболт во Берлин. По дипломирањето во 1988 год. предава германски јазик на народниот универзитет „Коларац“, а потоа работи како преведувачка во белградската компанија за извоз и увоз „Застава Импекс“. Денес е преведувачка во дневниот весник Блиц во Белград.

Освен тоа таа преведува и книги и текстови со најразлична тематика. Па така, во рамките на проектот „Литературекспрес 2000“ преведе раскази на различни автори од српски на германски и обратно. Во рамките на нејзината долгогодишна соработка соиздавачката куќа „Клио“ преведе повеќе книги од различни области, меѓу кои и Die neun Träume des Dschingis Khan од Галсан  Чинаг и Offenes Tor nach Osten: Europas große Chance од Ерхард Бусек.