Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Der Hals der Giraffe. Bildungsroman

Шалански, Јудит.

308 schalansky der hals der giraffeПриспособувањето е сè, знае Инге Ломарк. Па на крајот од краиштата треисет години предава биологија. Не може да се промени фактот дека за четири години ќе го затворат нејзиното училиште – во околискиот град на предпомеранската заднина, што сè повеќе се смалува, недостасуваат деца. Мажот на Ломарк, кој во времето на ГДР оплодуваше крави, сега одгледува ноеви, а ќерка им Клаудија пред многу години се пресели во САД и нема намера да раѓа деца. Сите се протиставуваат на текот на природата, во кој Инге Ломарк катадневно се колне. Кога развива чувства за една ученичка од  IX клас, кои ја надминуваат вообичаената омразољубов за младината, се разнишува нејзиниот биологистички поглед на светот. Со сè побизарни идеи се обидува да го спаси она што повеќе не може да се спаси. По реномираната Atlas der abgelegenen Inseln удит Шалански пишува роман. Таму професорката по биологија се бори да ги задржи законите на природата, си го шинува вратот по недофатливите плодови за на крај ја изгуби вербата во Дарвин како бог. Сцената на одигрување на сторијата е една од најапсурдните институции на светот: училиштето.

Романот Der Hals der Giraffe. Bildungsroman од Јудит Шалански излезе на македонски јазик (извадок) во превод на Eлизабета Линднер под наслов Вратот на жирафата. Образовен роман во издание на Блесок, Скопје и на романски јазик (извадок) во превод на Моника Ливија Григоре под наслов Gâtul girafei во издание на Алфа, Букурешт.