Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Small World

suter_smallworld

Отпрвин тоа се ситници: Конрад Ланг од невнимание ја става чантата во фрижидер. Наскоро го заборава името на жената со која сака да се ожени. И колку повеќе болеста – алцхајмер – му ја одзема последната меморија, толку поизразено се појавуваат некогашните спомени. А тоа ја вознемирува една милиони тешка стара госпоѓа, со којашто Конрад е поврзан на најневообичаен начин уште од детството.

Small World од Мартин Зутер излезе на босански јазик (извадок) во превод на Мира Ѓорѓевиќ под наслов Mali svijet во издание на Рабич, Сараево, на романски јазик (извадок) во превод на Херта Шпун под наслов Small World во издание на Хуманитас, Букурешт и на македонски јазик (извадок) во превод на Ива Фиданчевa под наслов Small world во издание на Готен, Скопје.