Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Мајсен Томас

maissen thomasТомас Мајсен е роден 1962 год. во Цирих. Од 1981 до 1989 год. студира историја, латински јазик и филозофија на универзитетот Базел, како и во Рим и Женева. Во 1993 год. докторира кај Ханс Рудолф Гугисберг со докторскиот труд  Die französische Vergangenheit bei italienischen Autoren des 15. und 16. Jahrhunderts. Од 1993 до 1995 год. работи како научен асистент на универзитетот во Потсдам, од 1996 до 2004 год. е соработиник на Ноје Цирхер Цајтунг за историски анализи. Во 2002 год. следува неговата хабилитација на универзитетот во Цирих. Од 2002 до 2004 год. Мајсен  држи професура на универзитетот Луцерн со поддршка од Швајцарскиот национален фонд.

Од зимскиот семестар 2004/05 год. предава како редовен професор по Историја на новиот век со тежиште на ран нов век на универзитетот во Хајделберг. Мајсен од 2007 год. е член на Хајделбершката Академија на науките. Во 2009 год. беше гостин-професор  на  Високата школа за социјални науки во Париз, 2010 „визитинг fellow“ на Институтот за високи студии во Принстон, Љу Џерси. Неговиот истражувачки фокус се историја на историографија, историја на политичката мисла, историја на менталитетот, историски слики, историја на Швајцарија, како и историја на образованието и училиштето. Од 1. септември 2013 год. е директор на Германскиот институт за историја во Париз (DHIP).