Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Лафе, Генц

genc lafeГенц Лафе е роден 1968 год. во Тирана. Студирал италијанистика и албанологија на универзитетот во Тирана и докторирал на универзитетот Тибинген во областа на компаративна книжевност. Со втора докторска титула се стекнува во Италија на универзитетот во Фиренца. Учествувал на истражувачки проекти на универзитетите во Тибинген и Јена. Моментално предава албански јазик на универзитетот Саленто, Италија. Во фокусот на неговото истражување се областите на албанологија, контрастивна јазична наука, историчка наука за јазикот, когнитивна лингвистика и превод. Генц Лафе ја преведе Geschichte der Schweiz од историчарот Томас Мајсен од германски на албански јазик.