Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Фиш, Јерг

fisch joergЈерг Фиш, роден 1947 год. во Швајцарија, студирал историја и филозофија на универзитетите во Цирих, Базел, Виена, Минстер и Хајделберг. Од 1969 год. бил соработник на Рајнхарт Козелек, во 1976 год. докторира во Хајделберг, а во 1983 год. хабилитира во Билефелд. Од  1987 до 2012 год. е професор по општа Историја на нов век на универзитетот во Цирих со главен фокус на историја на меѓународно право. Неговите најважни дела се: Krieg und Frieden im Friedensvertrag (1979), Die europäische Expansion und das Völkerrecht (1984), Geschichte Südafrikas (1998) и Europa zwischen Wachstum und Gleichheit 1850-1914 (1998).