Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Гребнер, Валентин

groebner valentinВалентин Гребнер е роден 1962 год. во Виена. По студиите во Виена, Марбург и Хамбург и докторирањето 1991 год. во Билефелд, хабилитита во 1998 год. на универзитетот во Базел.

1996/97 год. е fellow на Научниот колегиум во Берлин, 1999  год. Жан Моне-Fellow на Европскиот универзитетски институт во Фиренца, 1999/2000 год. визитинг професор на Одделот по Иторија на уметност на универзитетот во Харвард, пролетта 2001 год. гостински професор на Високата школа за социјални науки во Париз, 1999-2001 член на работната група "The Moral Authority of Nature", летото 2001 год. и визитинг fellow на Институтот „Макс Планк за историја на наука“ во Берлин.
Валентин Гребнер е член на швајцарското „Друштво за социјална историја“ и коиздавач на Списанието за Историја на политичката мисла.

Од март 2004 год. Валентин Гребнер е професор по историја на среден век и ренесанса на универзитетот во Луцерн.