Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Коцмут Даниела

kocmut daniela by lichtbildnerei© LichtbildnereiДаниела Коцмут, родена 1980 год. во Марибор, пораснала во Шмохор и Корушка. Студирала преведување (словенечки, англиски јазик) во Грац и Даблин. Од 1999 год. живее во Грац, каде што работи како прведувачка и професорка. Освен тоа работи и како модераторка и толкувачка на книжевни манифестации, а од 2013 год. ја води работилницата при меѓународниот проект „TransStar Europa". Даниела Коцмут има добиено повеќе преведувачки стипендии, меѓу кои и работната стипендија на Австриското сојузно министерство за настава, уметност и култура во 2009 год. и преведувачка премија на Австриското сојузно министерство за настава, уметност и култура за 2013 год. и е млад член на Университас Австрија. Покрај својата преведувачка дејност пишува поезија на германски и словенечки јазик. Досега објавени публикации: Auf dem Sternenteppich (Марибор, 2010), LICHTUNGEN 135/2013, двојазично (Леикам 2013).