Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Блечеа, Октавијан

blenchea octavianОктавијан Блечеа, роден 1975 год. во Трансилванија, студирал романски и француски јазик и книжевност во Букурешт. Својата дипломска работа ја посветува на културната ренесанса на Балканот по падот на Османлиската Империја. Покрај тоа во Скопје и Тирана студира македонски и албански јазик и книжевност. Својата долгогодишна новинарска кариера ја започнува во Барикада, првиот независен медиумски концерн, основан по падот на комунизмот во Романија. Од 1996 год. преведува од албански, македонски, француски и англиски на романски јазик. Кон неговите преводи, меѓу другото се вбројуваат и дела од Гастон Башлар, Франк Павлоф, Митруш Кутели, Фатос Арапи, Лидија Димковска и Гоце Смилевски. Моментално живее и работи во канадскиот Монтреал.